Историја

Image

The HeadHunter Group е создадена како компанија која од почетокот е фокусирана на on-line платформи. Основана е како LinkedIn група преку која постепено создаваше своја база на податоци за голем број на кандидати и клиенти од различни области.

Основана е во Албанија но има свои претставништва и во Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Присутни сме и имаме соработка со преку 30 земји од светот и имаме преку 100.000 LinkedIn контакти.

Иновативниот концепт при барање, селекција и обуки на вработени на почетокот од своето основање наиде на песимизам во Албанија, но по согледување на првите резултати и постепено менување на менталитетот се повеќе компании ни ја даваат својата поддршка убедени дека помошта и конкретните решенија можат да дојдат и од надворешен соработник.